Утрово сончево и топло- попладне пеколни температури

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 28 до 38 степени.

Во Скопје и околината, времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени. 

14.08.2021 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега