Утрово врнеше дожд во скоро целата држава: Тука наврна најмногу

Утрово во поголем дел од земјава е дождливо. Во изминатите 24 часа до 8 часот наврнат е воден талог од 2 литри на м2 во Скопје кај Зајчев Рид, Тетово, Штип и во Демир Капија, 1 во Скопје кај Петровец, Крива Паланка, Берово, Виница, Охрид, Крушево, Куманово и во Дојран.

Температурите утрово 5 во Крушево, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Берово и Штип, 7 во Куманово, Прилеп, Виница и Демир Капија, 8 во Битола, Претор и Охрид и 9 во Дојран.

 

Времето во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од Котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

22.04.2022 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега