Утврден договорот за заемна правна помош во граѓанските постапки со Косово

На денешната седница е утврден и предлог-законот за ратификација на договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу владите на Република Северна Македонија и на Република Косово.

Ратификацијата на договорот ќе обезбеди регулирање на граѓанската материја (оставински постапки, мешани бракови, алиментации и други), со што се зајакнува правната соработка меѓу институциите и им се олеснува правниот сообраќај на државјаните на двете држави.

16.11.2021 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега