Уживајте во сонцето - викендов промена на времето

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 до степени.

Следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во деновите од викендот ќе предизвика намалување на температурата за неколку степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 07:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега