Василевска: Министерот Николовски е неспособен, имплементира матни зделки

Наместо денес да говориме за неспособноста и матните зделки на министер за земјоделие Љупчо Николовски, ние расправаме за неговиот заменик, невидлив за јавноста, рече Иванка Василевска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Најголемиот дел од земјоделското земјиште кое што е распределило, го има добиено лице кое што е блиско до власта, лице кое нема механизација, а ниту пак заслужува да работи земјиште во Свети Николе, а со адреса на живеење е во Скопје. Преку една фирма добил преку 70 хектари земјиште во атарите на село Сопот и Преод и лицето практично го узурпира земјиштето, кое наместо да има биде доделено на локалното население кое насушно егзистира од земјата, му се доделува магично на овој човек. Затоа  е дискутабилно и симптоматично што никој од власта не се зафати да го провери ова и наместо да се земе на одговорност Николовски, ние денеска го дискутираме разрешувањето на неговиот заменик, сметаа Василевска.

Василевска посочи дека со промена на власта ќе следува одговорност за сите.

Престанете да ја продлабочувате оваа дупна без дно на партизираност. Ова што денеска ни се случува, верувајте ќе не чини скапо, рече таа.

28.02.2023 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега