Вечерва подгответе се за дожд: УХМР со детали

До крајот на денот времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд главно со слаб интензитет информираат од УХМР. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во среда ќе се задржи суво, но претежно облачно. Од четврток ќе дува засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.

28.03.2022 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега