Велес: Обвинет 22-годишник за производство и дистрибуција на детска порнографија

Велешкото Основно јавно обвинителство до Основниот суд во Велес поднесе обвинение против лице на возраст од 22 години за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

На обвинетиот му се става на товар дека во јануари 2021 година преку сопствениот мобилен телефон набавил и поседувал видеоснимки со детска порнографија.

Користејќи ја мобилната апликација „Телеграм“ инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, ѝ се приклучил во групата „Јавна соба“ со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина.

На телефонот презел повеќе фотографии и видеоснимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видеоснимка со очигледни полови дејства помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видеоснимка со очигледни полови дејства помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години.

Таквите видеоснимки ги зачувал во својот мобилен телефон, што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог да продолжат мекрите на претпазливост, кои му биле веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​​

 
29.03.2022 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега