Велешкото инфективно одделение се полни со Ковид пациенти

 

На Инфективното одделение во велешката болница вкупно се хоспитализирани 13 пациенти, од кои девет се потврдени позитивни и четири пациенти се сомнителени. На кислородна поддршка се пет пациенти, а во изминатите 24 часа на ова одделение бил новoпримен еден пациент, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

За споредба на Инфективно одделение, во велешката Општа болница вчера вкупно беа хоспитализирани 12 пациенти, од кои девет потврдени позитивни и тројца сомнителени пациенти.

На кислородна поддршка вчера беа четворица пациенти.

Според Министерството за здравство во изминатите 24 часа во Велес бил регистриран еден новозаболен и еден оздравен, додека во Велес моментално активни на Ковид-19 се 55 лица.

16.08.2021 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега