Вицепремиерот Љупчо Николовски позитивен на коронавирус

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, е позитивен на коронавирусот.

„Поради лесни симтоми направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме.“, напиша Николовски.

Николовски во неделата беше во Штип, каде што одржа говор по повод предвремените локални избори. Таму беше и премиерот Зоран Заев, како и неколку членови од СДСМ, па останува на епидемиолозите да одлучат дали некој од нив би требало да оди во замоизолација.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега