(ВИДЕО) Арсовска во улога на инспектор влезе во кавга со сопственикот на дивата депонија во Ѓорче Петров

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска објави видео на социјалните мрежи каде на лице место била присутна во дивата депонија во општина Ѓорче Петров, откако претходно денес изјави дека откриле дива депонија во оваа општина, а каде потоа од истата општина негираа за такво нешто и рекоа дека никогаш не депонирале отпад нелегално на посочената локација, ниту создавале диви депонии.

„Фатени на дело во извршување на екоцид во Ѓорче Петров. Најчест клиент на оваа дива депонија е токму општина, а сопственик на парцелата е лице вработено во општинската администрација во секторот за финансии на општина Ѓорче Петров. За ова нема попуштање. Правда мора да има!“, напиша таа на социјалните мрежи.

18.01.2024 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега