(ВИДЕО) Бесел: ДКСК да го истражи скандалот со Стаменковска во општина Гази Баба

 

„Секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски вчера призна дека имала потпишано договор за дело со општината каде е вработена", вели Берат Бесел, советник во советот на Општина Гази Баба.

За тој договор, додава тој, Стаменковска како давател на услуги добивала хонорар од исто место од каде добива плата.

„По ваквото признание на ред се да постапат надлежните институции. Ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи и да го истражи овој случај“, истакна Бесел.

Ова, според него, е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека оваа партија освен за грабање на парите на граѓаните, не знае ништо друго.

 

27.12.2022 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега