ВИДЕО: Грчките медиуми објавуваат - казино во Дојран издава фалисификувани ковид сертификати

Грчката телевизија Опен објави прилог за казино во Дојран кое наводно издава фалсификувани ковид-сертификати. Во прилогото се вели дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители, а со тој тест тие можат бебзбедно да се вратат во Грција.

Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли.

Лажните сертификати за брз тест, инаку ги издава овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.

05.01.2022 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега