(ВИДЕО) Каевски: Нула проекти во Скопје, а Арсовска се фати за Ќосето

„Година и половина Скопје е нефункционален град, нема реализација на ниту еден важен проект, а најодговорни за таквиот хаос се Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави на денешната прес-конференција пратеникот и портпаролот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски.

„Нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, како реконструкцијата на Универзална сала, улица Есенинова, изградбата на клучката кај Момин поток, мостот на булеварот АСНОМ.
Јавните претпијатија се во хаос, градскиот превоз е нефункционален. Скопје со ВМРО-ДПМНЕ е буквално заглавено, стагнира наместо да се развива.

Во вакви услови, наместо проекти и решенија, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се фатија за споменици“, кажа Каевски.

Тој вели наместо да обезбеди услови за подобар живот на скопјани ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска сакаат да го вратат споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на Скопје.

„Шпицниот градоначалник, Мицкоски вчера ја поддржа Арсовска во оваа намера. Раце во медот и споменици, тоа се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во Скопје. За ова ли Мицкоски бараше поддршка за Арсовска и ги убедуваше да гласаат за неа?

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која не се поместила ниту милиметар од режимската матрица, ни пак во односот кон општините, кон градот Скопје. Неработење, кавги за тендери и провизии, партизација на Градот, и создавање хаос . Една и пол градска власт на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е една и пол година стагнација на главниот град“, додаде Каевски.

02.04.2023 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега