ВИДЕО: Како да паднала атомска бомба - Бејрут после во рушевини после експлозијата, болниците преполни

Главниот град на Либан, Бејрут, го погодиле две силни експлозии, а најмалку 10 лица загинале.

Страшните експлозии може да се видат на многуте фотографии и снимки. Наводно експлодирал брод полн со пиротехника.

Оштетени се многу згради и куќи, вклучувајќи амбасади, зградата на Владата, како и резиденцијата на премиерот Саад ал Харири.

Експлозиите се почувствувале и на 10 километри оддалеченост. Првата експлозија била помала, а потоа следувала детонација на втората, многу посилна, по што во воздухот се појавил облак со чад во форма на печурка.

Се верува дека многу луѓе се затрупани во рушевините.

Експлозијата се случила за време на најлошата економска и финансиска криза во Либан во последните неколку децении и во време на засилени тензии помеѓу Израел и либанскиот екстремист Хезболах долж јужната граница на Либан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега