ВИДЕО: Затворен локалот „Мош“ кој работел во 23 часот, гостите бегале преку оградата

Полиција синоќа интервенирала во кафе-барот „Мош“ во центарот на Скопје, откако инспектори од Државниот пазарен инспекторат биле спречени да го затворат објектот, кој бил пријавен дека работи по дозволеното работно време, потврдува директорот на ДПИ, Стојко Пауновски за „А1он“.

Во објектот имало пијани лица кои ги навредувале инспекторите, вели Пауновски, и додава дека се интервенирало во 23 часот, односно два часа по дозволеното работно време, согласно препораките за заштита од коронавирусот.

„Навредувале додека полицијата ги вадела и легитимирала, за да може инпскеотрите да затворат“, вели Пауновски.

На социјалната мрежа „Твитер“ беше објавено и видео,а во описот се вели дека гостите бегале преку оградата.

Случајот е пријавен и во полиција, а од МВР велат дека во објектот не се почитувал протоколот за работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија, односно организиран бил концерт каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, и не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега