Влада: Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи

Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, порачуваат од Владата по денешните средби во Софија, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев учествуваше на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

-Успешниот Берлински процес дава позитивен моментум и охрабрување на процесот. Тоа е надополнето со засилениот ангажман на германското претседателство. По денешните работните средби во Софија остануваме посветени на наоѓање решение. Тоа е важно за Северна Македонија и за Бугарија. Тие сакаат да има решение, ние исто така сакаме. Работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, брифираат од Владата.

Како што додаваат оттаму, ако имаме позитивно решение тоа ќе биде добро за Северна Македонија, Бугарија, за цела Европа и за цел Балкански регион. Во спротивно, укажуават, ќе имаме споделен неуспех за сите.

Северна Македонија и Бугарија се копретседавачи на Берлинскиот процес. На Самитот во Софија се обратија премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, а преку видео обраќање се вклучи и германската канцеларка Ангела Меркел, која потенцираше дека Берлинскиот процес е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследствата од минатото.

– За регионот она што морам да го кажам е дека мора да се согласувате едни со други. Не заборавајте, затоа што тоа е многу важно, им порача Меркел на Заев и Борисов. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега