Влада: Транспортот на дел од вакцините против КОВИД-19 ќе се реализира преку УНИЦЕФ

Владата на денешната ја усвои Информацијата за  вакцинацијата против КОВИД-19 која ги опфаќа подготвеноста на системот, улогата на УНИЦЕФ како Координатор на набавки во COVAX механизмот, директните преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската унија.

-Во врска со оваа точка Владата го задолжи Министерството за здравство да го извести Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) и УНИЦЕФ (преку претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија и Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ во Женева) дека Владата на Република Македонија донесе одлука услугите поврзани со набавката на вакцини против Ковид-19 во рамки на COVAX механизмот во име на Република Македонија да се вршат преку УНИЦЕФ, врз основа на позитивно мислење на Министерството за надворешни работи и Бирото за јавни набавки дека такво учество на УНИЦЕФ е можно согласно Меморандумот за разбирање помеѓу УНИЦЕФ и нашата земја од 2005 година, велат од владината прес-служба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега