Влада: Жалиме што Русија така одлучи

Владата жали што Македонија влезе во листата на Путин како непријателска земја. Од Илинденска бр 2 за телевизија 24 велат дека и покрај тоа што официјална Москва со декрет на Путин ја стави Македонија на списокот непријатели, тие сепак  остануваат на истиот непроменлив став дека ја осудуваат руската агресија против Украина. 

- Жалиме што Русија одлучи сите земји кои се спротивставија на воената агресија да ги окфалификува како непријателски. Владата на Северна Македонија верува дека брзо ќе се најде решение на огнот. Ние како држава јасно стоиме на ставот дека сме против ваквата агресија и се приклучивме кон партнерите од САД и ЕУ во мерките за деескалација на конфликтот и прекинување на воените дејствија. - велат од Влада на РСМ.  

По објавувањето на списокот со 50 земји кфалификувани како непријателски држави, денеска на веб страницата на руската влада можат да се видат и првите чекори кои ги презема Москва.

08.03.2022 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега