Владата денеска ќе одржи седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 108-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, меѓу кои и предлог Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија воМакедонија (2021-2027) и Акцискиот план 2021-2023 за спроведување на оваа стратегија, како и Предлог на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025).

На дневниот ред, како што информираат од владината прес-служба, се и предлогот на Министерството за финансии да бидат разгледани Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за установите и Предлог-законот за финансиска стабилност.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, како што информираат од владината прес-служба, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

28.09.2021 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега