Владата одлучи: Од септември децата повторно во училишните клупи

Владата на денешната седница одлучи учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство со полн капацитет, по предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести.

Тоа значи дека од 1 септември сите ученици од прво до деветто во основно и учениците во средните училишта ќе се вратат во училишните клупи.

„Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни семејства, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето“, информираат од Владата.

17.08.2021 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега