Владата реши: Ќе се формира Советодавна комисија за интервенции во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати
Владата на Република Северна Македонија на денешната 23-та редовна седница донесе Одлука за формирање на Советодавна комисија за спроведување на План за интервенции во случај на вонредно пореметување на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и/или нафтени деривати.
Советодавната комисија за задачи има да иницира предлог за донесување на одлука за настанато вонредно пореметување во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати и прогласување на нафтена кризна состојба; да предлага мерки и одлуки за нормализација на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати; да предлага дополнителни мерки за нормализација на снабдувањето на пазарот, како и други работи согласно закон и Деловникот за работа кој треба да го усвои на првиот конститутивен состанок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа