Владата соопшти кога ќе бидат исплатени јунските пензии
Владата на денешната 81. седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28 јуни годинава. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 јуни 2021 година.
Како што соопшти владината прес-служба, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа