ВМРО-ДПМНЕ: 5 ден ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш

„5 ден ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш. 5 дена ДКСК се обидува да го преземе товарот на аферата Тајни имоти на себе, и да ги аболицира 123 функционери од власта. 5 дена наместо постапки се измслуваат изговори. И додека ДКСК се обидува да ги амнестира, дел од функционерите опфатени во аферата Тајни имоти како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не поднеле анкетен лист“, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Ковачевски наместо да постапи како одговорен политичар и да почне да разрешува, тој ги штити функционерите.

„Дали тоа го прави затоа што можеби и тој крие имот пд аферата Броило? Ковачевски со секој поминат дека како ги штити функционерите кои криеле имот покажува дека е дел од нив. Аферата Тајни имоти докажува дека институциите со СДС на чело не си ја работат работата, и дека воопшто нема одговорност кога станува збор за функционери на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

28.10.2022 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега