ВМРО-ДПМНЕ: Државата ја водат криминалци од СДС и ДУИ

Најновата анкета на Евротинк за 2022 година и резултатите за корупцијата во Македонија и довербата во судството го потврди она што неколку години го говориме, власта предводена од СДС и ДУИ е најкорумпирана, а судството под директна команда на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека над 71% од испитаниците истакнале дека власта лошо се справува со корупцијата, и дека истата е коренот на проблемот во државата.

-Високи 51% дале најслаба оцена 1 за справувањето со корупцијата во државата, додека 20% ја оцениле власта со оцена 2. Само 3% од испитаниците на владата и дали оцена 5. Скандалите на Генералните секретари на владата Рашковски и Зекири, случајот со Ден Дончев, случајот со проневерувањето со европските пари на Лидија Димова, како и случајот со Луи витон торбата, се само мал дел од илјадниците случаи со корупција и криминал на оваа неспособна власт на СДС и ДУИ. На ова ако се додеде и довербата на граѓаните во судството и обвинителството во државата, јасно е дека државата ја водат криминалци. Историски најниско ниво на доверба во судството од осамостојувањето на државата со само 6% јасно говори за спрегите на власта во правосудните органи. Огромни 82% од граѓаните немаат доверба во судските органи во државата, се наведува во соопштението на партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овие резултати се потврда и на претходните меѓународни анкети и извештаи каде што Македонија ја сместува на дното во справување со корупцијата и довербата кон судството.

Власта на СДС и ДУИ ја водат државата во амбисот. Покрај неспособноста со справување со енергетската и економската криза, граѓаните јасно говорат дека криминалот и корупцијата им е најгорлив проблем. За тоа потребни се превремени парламентарни избори за конечно да ги испратат во историјата криминалците од СДС и ДУИ.

12.02.2023 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега