ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминал треба да направи Артан Груби за ЈО на Ковачевски да реагира

„Очигледно е дека Ковачевски и ЈО заедно ги штитат криминалите на Артан Груби, како инаку може да се објасни молкот на владата-, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се штитат криминалите на Груби, поради опстанок на оваа влада, на грбот на народот, кој секој ден се повеќе осиромашува, а СДС И ДУИ се богатат.

Додека народот не може да врзе крај со крај, семејната фирма на Груби купува луксузни дуќани во строгиот центар на Скопје, за смешни и багателни цени за метар квадратен. Груби има дозвола од Ковачевски да прави се што сака, само за гол опстанок на владата на Ковачевски.

Граѓаните сакаат што побрзо да си замине оваа криминална власт, а тоа го потврдуваат и сите анкети во Македонија. Џабе им е купувањето на време, за да приграбат што повеќе имот и пари, а за сите криминали ќе има разрешница во блиска иднина, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

01.03.2023 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега