ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и ДУИ се сијамски близнаци

„Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци“, порачаа утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Според нив, Ковачевски не може да функционира без ДУИ, ним им ја должи кариерата и 2-те години власт.

„Ковачевски му овозможи на ДУИ власт за се во државата, само за да може да краде.

Исто и сега Ковачевски не смее да зборува против ДУИ, ниту да искритикува нешто. Одмолче за пеењето и прославите на Ахмети по институции, за фудбалот на Груби во министерство, за тендерите и криминалите, затоа што е составен дел од тоа.

Се што е ДУИ тоа е и Ковачевски. Тој му ја даде Македонија на ДУИ и 100-тина нивни функционери.

Време е да ја вратиме државата на народот.

Промените се во твои раце. Македонија повторно твоја!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

21.04.2024 - 08:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега