ВМРО-ДПМНЕ: МВР не реагира соодветно за да ги спречи дојавите за бомби

„ВМРО-ДПМНЕ не молчи, ВМРО-ДПМНЕ ве повикува да свртите 192 и да го прашате Спасовски што работи, освен кога не штити нарко трафиканти и дилери.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што работи Спасовски освен што е партнер на криминалците? Дали МВР има време да се занимава со безбедноста на граѓаните, кога е зафатена со прикривање на случаи како дивеењето на синот на заменик министерот Буши или кога нивни командири како тој во Прилеп се фатени во наркотрговија?

Со Спасовски МВР стана партнер на криминалот, и се понижени сите професионалци во службата.- велат од партијата.

„Срам за власта е што таа со месеци не може да открие кој стои зад лажните дојави за бомби и да го спречи таквиот чин, кој внесува немир и несигурност кај граѓаните.

Зошто МВР не реагира соодветно и не ги спречи дојавите за бомби, и дали свесно остава простор за да се шири паника? Дали Спасовски свесно молчи и со тоа влијае на создавање на уште поголем хаос, во кој криминалците ќе може да дејствуваат?“-стои во соопштението.

09.03.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега