ВМРО-ДПМНЕ: Осудуваме цензура,вечерва забрануваат известување за чествувањето на Гоце Делчев
Кој во владата и според кои критериуми ги подели медиумите на подобни и неподобни за известување?
Ова е срам за владата, министрите и сите што работат за владиниот режим во делот со медиуми.
Најстрого ја осудуваме цензурата врз медиумите од страна на Владата на Ковачевски врз новинари кои сакаат да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев.
Ваквата поделба на медиумите и брутална цензура значи дека Ковачевски губи контрола.
Откако со денови министри се расправаат со новинари, вечерва владината прес служба забрани известување на новинари на два интернет портали од гробот на Гоце Делчев по повод на 151 година од неговото раѓање.
СДС се уплашени од критичко размислување и спроведуваат класично едноумие.
Забрана на новинари да си ја вршат својата дејност е одлика само на тоталитарни режими“, реагираат од опозицијата.
„Димитар Ковачевски со ваквите чекори покажува дека слободата на изразувања е само празна флоскула која ја користи кога држи пресконференции со дипломати или претставници на нашите стратешки партнери, а во суштина ги има сите одлики кои ги имале режимите од истокот.
Колку поблиску е падот од власт, толку понервозни се СДС и ДУИ, а тоа се гледа по цензурата и замолчувањето на медиумите“, се додава во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа