ВМРО-ДПМНЕ „распали“ по Арсовска: Згрозени сме од нејзиното однесување, преку глава ни е

Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, која како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на „македонската јавност и е преку глава од циркузот кој го организира власта, па згора на се сега треба да го гледа и циркузот во режија на Арсовска“.

– Да посветуваше толку внимание на работа и проекти, немаше Скопје да биде руиниран град. ВМРО-ДПМНЕ не сака и не е да биде дел од циркузот на Арсовска, се додава во партиското соопштение.

08.11.2022 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега