ВМРО-ДПМНЕ: За што да дадат отчет градоначалниците на СДСМ кога не направиле ништо

Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што ништо не сработиле, немаат инвестиции, немаат проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение испратено утрово.

Градоначалниците на Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип, Делчево, Берово, немаат отчети затоа што не направиле ништо. Една година се на власт, а дел од нив и втор мандат, а општините кои ги водат се застанати во времето.

Градоначалниците од СДС, се исти како и дезертерот Ковачевски и неговата неработлива и неспособна влада.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ има реализирано проекти од над 120 милиони евра. Тоа е скоро колку што цела влада има направено со многу поголем буџет.

Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата, образованието, културата и спортот. Општините се претворени во сервис на граѓаните, а градоначалниците се помеѓу народот.

Граѓаните јасно ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, затоа и победата ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе биде уште поубедлива, велат од ВМРО-ДПМНЕ

09.11.2022 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега