ВМРО-Народна партија: Ќе поддржиме додавање на Бугарите во Уставот

ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија и истакна дека во своите определби и програмски цели е за целосна интеграција на Северна Македонија во НАТО, што е патем постигнато и го докажуваме со државните активности и Северна Македонија – земја членка на Европската Унија, чиј процес е веќе започнат преку договорот за почеток на преговорите и започнатиот скрининг процес, информираат од ВМРО-Народна партија во соопштение испратено до медиумите.

Оттаму додаваат дека ќе гласаат за вметнување на Бугарите во Уставот.

ВМРО-Народна партија активно ќе поддржи промена на Уставот во насока на пристапните преговори со ЕУ, со проширување и додавање во Уставот како на Бугарите, Хрватите и Црногорците така и на сите останати делови од народи кои ќе изразат волја и барање да бидат застапени во самиот Устав.

На овој начин суштински ќе докажеме дека Северна Македонија е демократска држава која ги почитува правата на народите кои се застапени и живеат во државата, а со тоа се почитуваат и Европските вредности за демократизација на општеството.

Во однос на преговарачкиот процес и скринингот кој што е во тек, ВМРО- Народна партија предлага да во сите стручни комисии, тимови и делегации кои учествуваат во скринингот, а понатаму и во преговорите по поглавја, како членови да учествуваат и стручни лица од поединечни области кои ќе бидат предложени од политичките партии“, стои во соопштението на ВМРО-Народна партија.

 

08.11.2022 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега