Во Дебар се гласа, а патот кон Маврово затворен поради градежни работи

 

Додека во Дебар се гласа, денеска беше блокиран патот Маврово – Дебар во должина од околу 4 километри, поради изведување на градежни работи, објави Алсат.

Имаше граѓани кои се гласачи во Дебар, а кои живеат и работат во други градови, а кои не можеа да стигнат на гласање, па се создавала нервоза.

За да бидат пропуштени од страна на полицијата, ги покажувале личните карти. Реагираат дека за ова немало претходна најава.

14.11.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега