Во Делчево и Македонска Каменица над 13.500 избирачи го оствариле своето право на глас до 17 часот


Вкупно 7 039 граѓани од евидентираните 14 515 гласачи во вториот круг од Претседателските избори го оствариле своето право на глас до 17 часот во Делчево, соопштиjа од Општинската изборна комисија. За Парламентарните избори, како што додадоа од изборната комисија од оваа општина, од 14.569 избирачи, до 17 часот гласале 7.048 гласачи.

-Согласно овие бројки процентот на излезност за вториот круг од Претседателските избори до 17 часот е 48.58 проценти, додека за Парламентарните избори процентуално излезноста на гласачите е 48,46 проценти, информираше Борче Иванов, претседател на ОИК Делчево.

Со приближни бројки за излезноста излегоа и од општинската изборна комисија во Македонска Каменица.

-До 17 часот во Македонска Каменица своето право на глас во рамки на Парламентарните  избори гласале 3116 лица од 6652 гласачи. Нешто повисок е процентот кога е во прашање вториот круг од Претседателските избори. За еден од двајцата кандидати гласале 3120 граѓани со право на глас или 46,98 проценти од вкупно 6641 евидентирани избирачи, информираа од ОИК Македонска.Каменица. 

Проблеми од било каков карактер во однос на текот на изборниот процес во двете општини не се регистрирани. 

08.05.2024 - 18:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега