Во изминатото деноноќие голем наплив на пациенти во Тетово- се рзмислува за воведување дополнители локални мерки

Министерството за здравство информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.

-На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден, информираат од Министерството за здравство.

 Од таму велат дека се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре. Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.

15.08.2021 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега