Во Козле згрижени 12 возрасни пациенти заразени со коронавирус и 4 деца од 1,5 до 6 години

Во Институтот за белодробни заболувања во Козле во моментов има 12 возрасни пациенти и  4 деца заболени од вирусот Ковид-19. Возраста на возрасните е од 41 до 84 години, а четирите  деца од 1,5 до 6 години- вели за 24 инфо Ангелчо Андоновски директор на Детската болница Козле.

-Сите пациенти се стабилни, а само еден во моментв е со кислородна поддршка. Со пациентите  работат тимови од Интерни клиники и Инфективна клиника заедно со педијатриските центри- вели Андоновски за 24 инфо.

Тој објаснува дека Болницата Козле не е тријажен центар за болни туку во соработка со лекарите од ГОБ 8 септември и Инфективна клиника пациентите се препраќаат кај нив.

-Во основа со правилна проценка и интензитет на клиничката слика овие пациенти се дисперзираат за понатамошна хоспитализација по соодветни инсттуции. Кога станува збор за деца секое дете со температура и суспектност за ковид 19 се упатува во Детската болница Козле каде што соодветно се тријажира односно секое суспектно дете останува за дијагностика во ковид одделот во Козле- вели Првиот човек на болницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега