Во следните денови нема да функционира системот за прием и издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи

Поради миграција на нов систем од утре од 21 часот заклучно со недела до 21 часот нема да функционира системот за прием и издавање на лични документи, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.  

-Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите, велат од МВР.

 

22.06.2021 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега