Во Струга приведен жител на Дебар за поседување сигнални куршуми

 

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи – Струга привеле жител на Дебар откако кај него пронашле сигнални куршуми.

–Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според него, по целосно документирање, ОВР Струга против Ф.Л. ќе поднесе соодветна пријава.

11.03.2022 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега