Во Велес четворица новозаразени со коронавирус - едно лице почина
Во изминатите 24 часа ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес регистрирале четири нови случаи на заразени со КОВИД-19, а еден починат, кој е тринаесетта жртва од реонот на Велес и Велешко.
Во овој регион денеска има 39 активни на вирусот.
На Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска Николова има 15 пациенти, од кои 14 се потврдени и еден пациент чека резултати од тест. Од нив четири пациенти се на кислородна поддршка.
29.06.2020 - 16:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа