Воените оркестри на Македонија и САД одржуваат заеднички концерт за Европа и Африка

Воените оркестри од армиите на Македонија и на САД одржуват заеднички концерт во населба Аеродром за за Европа и Африка „USAREUR-AF”.

Концертот е дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Swift Response 22”.

Посетителите имаат можност да проследат повеќе нумери со кои се претставува сојузништвото и се испраќаат пораки на пријателство и мир.

Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија како дел од армиската соработка традиционално секоја година одржува заеднички концерти со воените оркестри од армиите на НАТО.

Според најавата од Генералштабот на Армијата, воениот оркестар на армијата на САД за Европа и Африка утре ќе има и самостоен настап на плоштадот во центарот на Скопје.

27.04.2022 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега