Вториот блок на РЕК Битола од синоќа повторно вклучен вo системot
Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ.
На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет.
Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, информираат од АД ЕСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа