За 24 часа во земјава од коронавирус починале 29 пациенти - најмладиот од нив имал 33 години

Министерството за здравство информираше дека денеска се регистрирани 883 новозаразени лица со коронавирус во Македонија и 536 озддравени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени пациенти е 52949, на починати е 2254, а бројот на активни случаи изнесува 21931.

Во болнички услови починати се 29 лица, дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега