Забрчанец за ЦИВИЛ Медиа: Средбата Вучиќ – Курти во Охрид, инвестиција во мирот на Балканот и во забрзување на заедничкиот европски напредок

„Вредностите на мирот и стабилноста најдобро се осознаваат кога тие се загрозени. Пред нашите очи се случува руска воена агресија врз суверената Украина, како и антидемократски хибридни напади врз територијата на Западен Балкан. Во вакви, услови, нема поважно нешто од наше повторно исправање пред предизвиците и наше повторно одговорно однесување во сопствено име, но и во име на регионот“,вели Забрчанец во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Средбата  Вучиќ-Курти во Охрид, Забрчанец вели дека има огромна важност.

„Прво, целта е да се реши едно од двете најголеми отворени прашања на Балканот. И второ, се случува во крајно специфичен временски момент и контекст, кога светот е под закана на руските воени и хибридни агресии насочени кон европските земји и кон земјите членки или аспиранти за членство во НАТО.“- додава Забрчанец за ЦИВИЛ Медиа.

Според него без разлика на исходот од охридските преговори, напорите кои ги вложуваат двете преговарачки страни, посветеноста на ЕУ и САД во барање решение и поддршката која ја дава нашата држава покажуваат одговорност и посветеност кон мир и стабилност во моменти кога безбедноста е загрозена на глобално ниво. 

Целосното интервју прочитајте го тука.

17.03.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега