Заев: Го видов стариот ФАП, истури 8.000 тони вода, го вози Јоцо Манго

Премиерот Зоран Заев во вестите на Сител, го коментираше возниот парк на пожарникарите, поточно оној камион ФАП кој се појави во струмичко да гаси пожари.

Заев кажа дека на терен е активен и дека истурил многу вода.

 

-Го видовме тој ФАП-от во струмичко-гевгелискиот регион, ама 8.000 тони вода истури. Знаете како, тој на терен е и активен. Возобновена е машината комплетно, го вози Јоцо Манго од Струмица го познавам директно, струмички пожарникар, а еден таков има и во Демир Капија исто така, но исто така активен е,  рече Заев.

08.08.2021 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега