Заев: Ќе им најдам работа на пратеници од поранешниот состав

Зоран Заев, премиерот на Владата, пред денешната средба со Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање за апанажите, рече дека ќе им помогне на пратеници од поранешниот собраниски состав веднаш да бидат ангажирани на други позиции и работни места во јавниот сектор, пренесува Фактор.

- Голем процент од поранешниот пратенички систав ќе има од мене лично понуда да се вгради во јавните институции. Не зборувам за директорски места, туку зборувам за позиции кои што ќе значат искористување на нивното драгоцено искуство и капацитет, да може да влезат во самите институции и да продолжат да креираат за својата држава, затоа што кога извршувале највисоки државни функции, редно е тие профили кои имаат свои експертизи и профили да придонесат во функција на државата. И следните месеци ќе бидат месеци на донесување на такви одлуки, така што верувам дека 50 до 60 отсто од овие апанажи веднаш ќе опаднат затоа што ќе има нова функција за нив, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега