Заев: Лично поддржувам легализација на канабис

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изрази поддршка за декриминализацијата на марихуаната, која е почната во Собранието.

„Верувам дека во иднина ќе се створи амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе можеме да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку учествуваат во нашиот БДП“, рече Заев.

Според него, има позитивен одек во јавноста за декриминализацијата на канабисот.

„Ќе се зголеми угостителството и туризмот во државата. Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат ќе можат да услужуваат марихуана и канабис кој може да помогне за развојот на услужната дејност во државата“, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега