Заев: Најголем предизвик е да ги задржиме младите да останат во својата земја

„Како и сите држави од Југоисточна Европа, во таа смисла и за Северна Македонија најголемиот предизвик е да ги задржиме младите да останат во својата земја. Тука да најдат работа и да си го организираат животот. Како регион се соочивме со висока миграција, затоа ние спроведуваме успешен процес отворајќи стотици илјади работни места во последните 4 години“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“.

Премиерот Заев во насока на создавање на просперитетна иднина, пред сè за младите, истакна дека просечната плата континуирано расте, минималната плата порасна за 65 проценти, додека невработеноста од 24 се намали на 16 проценти.

Тој воедно истакна дека унапредувањето на квалитетот за живот се најголема гаранција дека младите ќе останат тука и дека политиките на Владата се во таа насока.

22.07.2021 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега