Заев: Ние градиме општество каде што сите се еднакви

 

Премиерот Зоран Заев вели дека Македонија самостојно ја создава својата иднина со јасна визија за патот до неа.

-Ние градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат.  Ако сме сите посветени на исти, стратешки цели за нашата држава, за сите наши граѓани, тогаш ќе имаме поблиска соработка и нема да има толку длабоки делби меѓу нас. Тој избор да го направиме со љубов и со верба за иднината на нашата земја. Да продолжиме заедно да ја градиме нашата земја како едно и еднакво општество за сите, низ меѓусебна почит и разбирање, затоа што само заедничката среќа е среќа. Да се грижиме и за среќата на секој граѓанин, напиша Заев на Фејсбук честитајќи ја 30-годишнината од независноста на Македонија.

31.08.2021 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега