Заев: Очекуваме Бугарија да го откочи процесот и да ја одобри преговарачката рамка

„Ние ги направивме сите потребни чекори и реформи и ќе ги направиме и дополнителните, прифатливи, за деблокирање на проширувањето на ЕУ, и очекуваме Бугарија да го откочи процесот и да ја одобри преговарачката рамка, во согласност со ставот на сите останати 26 земји-членки“ - ова го потенцираше претседателот на Владата, Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Додека пак, Фон дер Лајен изрази целосна поддршка за формалното отворање пристапни преговори со земјава што е можно побрзо.

– Целосно го поддржувам формалното отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија што е можно поскоро, колку што може побрзо. Не губете верба, изодевте толкав пат, достигнавте голем напредок. Имате поддршка од многу пријатели во ЕУ и ајде работиме вредно кон одржувањето на таа прва конференција, тоа ќе биде нашата заедничка цел, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК ги поздрави реформите што државава ги спроведува, особено, како што рече, во областа на владеење на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи оти е важно да се продолжи со тој напредок, изразувајќи уверување оти тоа ќе биде наградено.

28.09.2021 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега