Заев: По цена на македонскиот идентитет и јазик не ни треба Европска Унија - ќе бидеме прашина изгубена низ ветерот

Jас сум човек под чие раководство на Владата имав чест нашата земја да го постигне Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Исто така го постигнавме Преспанскиот. Исто така донесовме важни одлуки во дсплотувањето на заедничкото наше општество во државата. Мал милион работи. Секогаш одлуките ги носат тие што седат и што разговараат. Пријателите, како што се стратешките наши партнери, земјите членки на ЕУ, САД, се тука да разртаботат креативи идеи, да споделат со нас искуство и слично, но одлуката е наша, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

„Затоа кажувам, целиот наш народ треба да знае, по цена на македонскиот идентите и македонски јазик, не ни треба Европската Унија. Затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветерот. Кој тоа ќе влезе во Европската Унија? Тоа сме го кажувале секогаш.Така ги постигнавме и големите договори досега, штитејќи ја нашата национална посебност, тоа е македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа право на самоопределување. Тоа е чувство и не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствуваме и каков јазик ние зборуваме. На крајот тоа е европска вредност. Затоа Европа стои позади сите наши позици. Драго ми е што Бугарија признава дека тие немаат проблем со македонскиот јазик и народ, но велат да ги најдеме корените. Ќе ги најдеме и корените ако бидеме паметни на европски начин“. кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега