Заев: Саможртвата на Христос да ни биде пример со личен подвиг да внимаваме на личното и на здравјето на другите
Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, како и до сите православни верници по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Во честитката премиерот Заев истакнува дека во време кога целиот свет поминува низ тешки премрежија предизвикани од коронавирусот Ковид-19, празникот на спасението, кој го означува крајот на Христовите страдањата и со кој ја славиме победата над смртта, нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.
-И оваа година еден од најсветлите празници – Велигден го дочекуваме во специфични услови и со ограничувањата кои ги донесе пандемијата. Во овие предизвици не сме сами – целиот свет се уште е во состојба на криза или вонредност поради опасниот вирус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа